Милован Шиковски
Биографски податоци:
- Роден е 1937 година во с. Октиси - Струшко.
- Завршил Виша школа за социјални работници и Правен факултет во Скопје.
Поважни функции и задолженија:
- Во областа на градежништвото (1954 - 1963),
- Во Секретаријатот за здравство и социјална политика (1964 - 1966),
- Во Центарот за социјални работи - Скопје (1966 - 1976),
- Секретар на Собранието на општина "Чаир" - Скопје (1976 - 1978),
- Помошник на републичкиот секретар за здравство и социјална политика (1978 - 1982),
- Секретар на Републичкиот СИЗ за здравство (1982 - 1986) и
- Претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика (1986 - 1988).
Секретар на Собранието на Република Македонија во периодот од 21.06.1988 до 22.10.1992 година.