НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ

ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА
Независен пратеник. Родена на 30.6.1970 во Велес. Македонка. Доктор, Филозофски факултет.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
Е-пошта: e.kanceska-milevska@sobranie.mk

ЕМИЛИЈА АЛЕКСАНДРОВА
Независен пратеник. Родена на 29.6.1975 во Берово. Македонка. Има завршено Факултет за безбедност, Универзитет „Св.Климент и Наум Охридски“.
Активности во Собранието:
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за надворешна политика, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- ККомисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
- Клуб на пратенички, член на претседателство
Е-пошта: e.aleksandrova@sobranie.mk

ЗЕЌИР РАМЧИЛОВИЌ
Независен пратеник. Роден на 16.3.1975 во Долно Коњари. Бошњак. Доктор доцент, Институт за национална историја.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член
Е-пошта: z.ramcilovik@sobranie.mk

ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
Родена на 11.2.1993 во Скопје. Македонка. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, потпретседател
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
Е-пошта: i.tufegdzik@sobranie.mk

ИРЕНА СТЕФОСКА
Родена на 16.9.1967 година во Скопје. Македонка. Доктор по историски науки, Институт за национална историја.
Активности во Собранието:
- Комисија за култура, претседател
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член
- Клуб на пратенички, член на претседателство
Е-пошта: i.stefoska@sobranie.mk

КРСТО МУКОСКИ
Независен пратеник. Роден на 24.9.1974 во Белград, Република Србија. Македонец. Високо образование, „Св.Климент Охридски“.
Активности во Собранието:
- Комисија за прашања на изборите и именувањата,член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Комисија за економски прашања, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
Е-пошта: k.mukoski@sobranie.mk

ЉУБЕН АРНАУДОВ
Независен пратеник. Роден на 17.11.1957 во Скопје. Доктор специјалист гинеколог акушер, Медицински факултет, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за култура, член
- Комисија за здравство, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
Е-пошта: l.arnaudov@sobranie.mk

НИКИЦА КОРУБИН
Независен пратеник. Родена на 22.5.1976 во Скопје. Македонка. Магистер по археологија и историја на уметност, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член
Е-пошта: n.korubin@sobranie.mk

НОЛА ИСМАЈЛОСКА-СТАРОВА
Независен пратеник.
Активности во Собранието:
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за здравство, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член
Е-пошта: n.ismajloska@sobranie.mk

САШО ВАСИЛЕВСКИ
Независен пратеник. Роден на 16.6.1966 во Охрид. Македонец. Доктор, специјалист.
Активности во Собранието:
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за здравство, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член
Е-пошта: s.vasilevski@sobranie.mk

ФЕРИД МУХИЌ
Роден на 8.6.1943 во Завидовичи, Босна и Херцеговина. Бошњак. Доктор.
Активности во Собранието:
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
Е-пошта: f.muhik@sobranie.mk