НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Zulfi--Adili.jpg)
Зулфи Адили
Независен пратеник. Роден на 11.11.1979 во с. Патишка Река, Скопје. Албанец. Има завршено Правен факултет, ДУТ.
Активности во Собранието:
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Ljubica-Buralieva.jpg)
Љубица Буралиева
Независен пратеник. Родена на 13.12.1952 во Стровије, Прилеп. Македонка. Има завршено ФМДУ.
Активности во Собранието:
- Комисија за култура, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Комисија за здравство, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Solza-Grceva.jpg)
Солза Грчева
Независен пратеник. Родена на 4.8.1954 во Штип. Македонка. Доктор по компјутерски науки, УКИМ, ПМФ.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член