Среда, 11 ноември 2009 година, 11,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за бесплатна правна помош (прво читање);
2. Предлог на закон за изменување на Законот за водите (прво читање);
3. Предлог на закон за ратификација на Амандманот на Статутот на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка);

4. Предлог на закон за органско земјоделско производство (второ читање);
5. Предлог закон за основање на Македонска академска истражувачка мрежа (второ читање);
6. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (второ читање);

7. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита (второ читање);
8. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за платите на судиите (второ читање);
9. Предлог закон за платите на јавните обвинители (второ читање);
10. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование (второ читање);
2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование (второ читање);
3. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот испитен центар (второ читање);
4. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието (второ читање);
5. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука (второ читање);
6. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција (второ читање);
7. Утврдување на пречистен текст на Законот за медијација.