Понеделник, 22 октомври 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Денеска и утре, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, за време на која ќе се гласа за предлогот 2013 година да биде прогласена за европска година на граѓаните. По тој повод би се организирале низа настани за едуцирање на јавноста за правата на европските граѓани, посебно оние кои се однесуваат на студирање, работа, отворање сопствен бизнис и сл.

На денешната агенда ќе се најде буџетот за 2013 година и за периодот 2014-2020 година, додека утре ќе стане збор за банкарската унија, плановите на Економската и монетарна унија и за правата на авиопатниците.

Исто така, во текот на утрешниот ден ќе се одржи дебата со претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во врска со минатонеделниот самит на Советот.

За време на седницата, европратениците ќе гласаат и за давање финансиска помош од 40 милиони евра во седум земји зафатени од криза, како и за фармацевската трговија меѓу ЕУ и Израел. Меѓу другото, ќе се дебатира и за поморската безбедност и за трговскиот договор меѓу САД и Јапонија.

Европскиот парламент ќе продолжи со работа и на 25 и 26 октомври, кога ќе се разговара за цената на прехранбените производи и фреквенцијата на финансиските пазари. В петок ќе биде прогласен добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.



Четврток, 18 октомври 2012 година

Есенски состанок на Европскиот совет

Економијата и монетарната политика ќе бидат во фокусот на традиционалниот есенски состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел



Петок, 12 октомври 2012 година

Нобеловата награда за мир за ЕУ

Европската унија ја доби Нобеловата награда за мир за 2012 година, како заслуга што повеќе од шест децении се залага за мир, помирување, демократија и човекови права



Среда, 10 октомври 2012 година

Европската комисија препорача решавање на спорот со името во рана фаза на преговорите

Решавање на спорот со името меѓу Република Македонија и Република Грција во рана фаза на преговорите за членство во Европската унија – е новитет во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, кој денеска го претстави комесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе.

Click