Четврток, 8 октомври 2009 година

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски во официјална посета на Република Хрватска

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Благородна Дулиќ, Вулнет Амети и Томе Чингоски од денеска се во официјална посета на Република Хрватска.



Петок, 9 октомри 2009

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски оствари средби со државниот врв на Хрватска

На средбата со претседателот на Хрватскиот сабор Лука Бебиќ и  двете делегации ги истакнаа високо развиените  пријателски односи меѓу двете држави, а во тие рамки и редовните средби и соработка меѓу двата законодавни дома. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го поздрави неодамнешниот договор меѓу Хрватска и Словенија, со кој и е овозможено  на Хрватска да ги продолжи преговорите со ЕУ. Со ова и двете страни покажаа дека не само декларативно, туку и фактички ги почитуваат европските стандарди, а во истовреме и одговорност за иднината на ЕУ. Република Македонија очекува врз постигнатите резултати во извештајот на ЕК, кој треба да се објави наскоро, да добие препорака за датум за започнување на преговорите, истакна Вељаноски.



Среда, 14 октомври 2009

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Естонија г.Томас Хендрик Илвес

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Република Естонија, г. Томас Хендрик Илвес, при што посебно ја истакна соработката меѓу парламентите на двете пријателски држави. Во Собранието на Република Македонија имаме група за соработка со Република Естонија која веќе има воспоставено редовна соработка со колегите од естонскиот парламент, изјави претседателот Вељаноски.



Понеделник, 19 октомври 2009 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламенарната унија, во Женева

Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламенарната унија ќе учествува на 121 Собрание на ИПУ што ќе се одржи од 19 до 21 октомври 2009 година во Женева, Швајцарија



Понеделник, 19 октомври 2009 година, Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. трајко вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

На маргините на 121 Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на параламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес



Среда, 21 октомври 2009, Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски оствари средби со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева и аргентинската делегација во ИПУ

Во рамките на 121. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 19 до 21 октомври во Женева, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева



Четврток, 29 октомври 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими Зоран Талер европратеник и известител за Република Македонија во Европскиот парламент

На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, уште еднаш ги истакна позитивните резултати на Република Македонија и нејзините институции во остварувањето на евроатлантските интеграции. Визната либерализација за нашите граѓани, како и Извештајот на Европската комисија и препораката за добивање датум за отпочнување на преговорите секако ги потврдува нашите резултати, нашата посветеност за членство во Европската унија.

Click