Активности на Парламентарен институт

Април 2017 година

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА: ОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ ЗА ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ГРАЃАНИ

Во функција на размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка, во април 2017 година, вработени во Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, остварија работна посета на Парламентот на Црна Гора.

Вработените во Одделението за едукација и комуникација имаа можност да присуствуваат на настан за едукација за децата “Демократски работилници – Барбара Прамер” и да разменат искуства со своите колеги.

Во текот на дводневната посета беше презентирана програмата “Отворен парламент” како значајна активност за информирање и вклучување на граѓаните.

Click