Активности на Парламентарен институт

Среда, 21 јуни 2017 

ТРКАЛЕЗНА МАСА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија на 21 јуни 2017 година беше домаќин на 25 граѓански организации кои со свои претставници учествуваа на тркалезната маса Собранието и граѓанските организации (вклученост, соработка и отворена законодавна власт).

Целта на овој настан беше да се афирмира културата на парламентарна отвореност и транспарентност.

Со промовирање на отвореноста како еден од принципите на доброто владеење се овозможува граѓаните да бидат информирани во врска со работата и во сите процеси внатре во институцијата, да ја контролираат неговата работа, како и да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки.

Click