Четврток, 10 декември 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Седницата на Парламентарното собрание на ПД ЦЕИ

Навистина ми претставува големо задоволство денеска да се обратам на седницата на Парламентарното собрание во рамките на парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, тука, во Скопје. Не треба да потсетувам дека ова е една од најстарите европски регионални организации, а денес Централноевропската иницијатива здружува 18 држави, од кои десет се членки на ЕУ, што секако дава и посебна димензија на она што го викаме регионална соработка. Да потсетам, Република Македонија од 1993 година е полноправен член, а оваа година претседава со ЦЕИ.

Четврток, 10 декември 2015 година

Обраќање на г. Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Македонија на Парламентарносто собрание на ПД ЦЕИ

Животот е природно човеково право. Насушната потреба и потрага по подобар живот доведува до преселба на народите која како појава е неразделно сврзана со и датира од настанувањето на човекот. Миграциските движења особено го детерминираат Балканот како точка каде низ историјата се вмрежиле најразлични културни, верски и национални особености. Истите коегзистираат до ден денес и го прават ова подрачје едно од најспецифичните. 

Четврток, 10 декември 2015 година

Обраќање на г-ѓа Ермира Мехмети, претседател на Комисијата за европски прашања на Парламентарното собрание на ПД ЦЕИ 

На почетокот сакам да изразам целосна поддршка на ваквите регионални иницијативи и да упатам благодарност за интересирањето на земјите учеснички и колегите пратеници да ислушаат и да станат учесници во нешто што стана најновиот предизвик на Република Македонија, а тоа е справувањето со големиот број на бегалци и мигранти. 


Четврток, 10 декември 2015 година

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива

Во рамките на Македонското претседателство со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), денеска во Собранието на Република Македонија се одржа седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на тема: „Миграциската криза како глобален проблем и предизвик: колку е реално само регионално решение? (Европа, ЦЕИ и Западен Балкан)" и „Меѓусебна поврзаност во ЕУ, со посебен контекст на регионот на ЦЕИ".

 Финална декларација 
Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на отворањето на Седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, 10 декември 2015 година повеќе

Понеделник, 7 декември 2015 година

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

Во рамките на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на 10 декември 2015 година, во Собранието на Република Македонија, ќе се одржи седница на Парламентарното собрание на ПД на ЦЕИ.

Четврток, 10 декември 2015 годна, 10.00 часот, Сала „Борис Трајковски“

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

Click