ПОСТОЈАНА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ГРАЃАНИНОТ

ПОСТЗАКОНОДАВЕН НАДЗОР – ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

– ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА КОМEНТАРИ И ПРЕДЛОЗИ


Собранието на Република Северна Македонија и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ја спроведуваат постапката за постзаконодавен надзор на Законот за општата управна постапка

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА КОМЕНТАРИ И ПРЕДЛОЗИ

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ги повикува сите заинтересирани страни и сите заинтересирани лица (граѓани, организации, тинк-тенк организации, членовите на академската заедница, институти, факултети, државни органи, државни службеници, итн.) да ги достават своите предлози, коментари или сугестии на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на следните прашања

1. Кои се ефектите кои ги  произлегоа од првичната примена на Законот за општата управна постапка? Набројте ги позитивните но и негативните ефекти од примената на Законот за општата управна постапка.

2. Дали се излезе во пресрет на првичните причините поради кои беше донесен Законот за општата управна постапка? Доколку сметате дека не е излезено во пресрет на причините за донесување на Законот за општата управна постапка, наведете ги причините. 

3. Дали постои неусогласеност на Законот за општата управна постапка и другите управно процесни закони, како на пример Законот за даночна постапка, Законот за водење на матична евиденција и слични закони? Доколку сметате дека постои неусогласеност, Ве молиме да дадете пример за истите.

4. Дали постои потешкотии во првичната примената на ЗОУП? Доколку сметате дека постојат потешкотии Ве молиме истите да ги наведете. 

5. Дали сметате дека постојниот текст на Законот за општата управна постапка може да биде предмет на унапредување и на подобрување? Доколку сметате дека може, ве молиме да ги наведете деловите кои би требало да бидат унапредени и подобрени. 

6. Дали постојат уште некои дополнителни проблеми на кои би сакале да укажете, а кои се однесуваат на спроведувањето на Законот за општата управна постапка? Доколку сметате дека има, ве молиме да ги наведете и да укажете во кој сегмент од спроведувањето се јавуваат тие проблеми.

Обратете внимание дека не е потребно да се одговори на секое прашање, и дека можете да одговорите доколку сакате само на едно прашање, но можете да дадете и други/додатни информации доколку сметате дека се релевантни.

Како може да ги доставите своите коментари

Рокот за доставување на Вашите коментари и сугестии завршува на 20 март 2020 година

Користењето на соодветниот образец за доставување на Вашите коментари и предлози.

Пишаните коментари и предлози треба да ги испратите по електронски пат, во вид на погоре предложениот образец. Во идеален случај, Вашите коментари не треба да бидат подолги од пет страни.

Доколку не сте во можност своите коментари, забелешки и сугестии да ги доставите по електронски пат, истите можете да ги испратите и по писмен пат. Доколку се одлучите на овој начин на достава на Вашите коментари и предлози, испратете ги на следнава адреса: 

Собрание на Република Северна Македонија
Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
Бул. „11 Октомври“ 10
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Своите коментари, забелешки и сугестии можете да ги доставите и анонимно.

Дополнителни информации

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот планира да ги разгледа и да одлучи по следниве точки

  • Дали се исполнети почетните основи/причини за донесување на Законот; и 
  • Дали се потребни дополнителни законодавни и вон законодавни промени за да се подобри ефикасноста на Законот како и на неговата примена.

Што ќе се случува понатаму?

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и релевантните стручни лица ќе ги разгледаат сите примени коментари, предлози и сугестии.Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и релевантните стручни лица во догледно време ќе ги разгледаат сите коментари пред да донесат одлука за тоа кој ќе биде повикан на усни консултации.

Контакт

Доколку Ви се потребни алтернативни формати на овие информации или дополнителна помош во случај на писмено доставување на коментарите до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, слободно можете директно да се обратите на следнава адреса: panketnak@sobranie.mk

Click