Програми на НДИ во Собрание на Република Македонија

Националниот демократски институт за меѓународни прашања (НДИ) ја поддржува работата на Собранието на Република Македонија преку програми кои се финансирани од Американскиот фонд за фундаментални права, Националната фондација за демократија, Швајцарската агенција за развој и соработка и Агенцијата на САД за меѓународен развој. 

Парламентарната поддршка на НДИ е фокусирана на зајакнување на демократското владеење, преку: советодавна поддршка, консултации и обука за собраниското раководство, комисии, пратеници и служба, како и на законодавниот и надзорниот процес; спроведување на истражување на јавното мислење за да ја помогне комуникацијата на Собранието со јавноста; соработка со Демократското партнерство на Претставничкиот дом на Соединетите американски држави; учеството на Собранието во Иницијативата на НДИ за законодавно зајакнување на Западен Балкан;  поддршка на Собранието и на Владата во управувањето, надзорот и водењето на законодавниот процес; поддршка на Парламентарниот институт во одржувањето на непристраноста на своите истражувачки и информативни услуги и унапредување на официјалното вклучување на Собранието во глобалната иницијатива Отворено Владино партнерство.

Поддршката на НДИ на Собранието е насочена и кон јакнење на улогата на жените, граѓанското општество, младите и медиумите, преку: советодавна и консултативна поддршка на Клубот на пратенички; насочување на вниманието на Собранието кон родовата еднаквост преку настан насловен како „Недела на жените“ кој ќе се организира во чест на меѓународниот ден на жената; поттикнување соработка и јавни дискусии меѓу НВО секторот и пратениците, комисиите, пратеничките групи и политичките партии; советодавна и консултативна поддршка на пратеничката група за младински политики; обезбедување постојана и на барање, поддршка за јавни односи на собраниското лидерство; и обезбедување обука за медиумска презентација за пратениците.


Click