Просторија дЛАБорез во кабинетot на претседателот на Собранието на Република македонија
НАМЕНА: Салата Длаборез е дел од Кабинетот на претседателот на Собранието и се користи за протоколарни потреби на претседателот на Собранието на Република Македонија.
ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ: Декорацијата на салата е проектирана-дизајнирана во периодот од 1935 до 1937 година од Д. Инкиостри, а изведена во 1938 година од Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, кој сите работи ги извел со својата тајфа. Ѕидовите и таванот целосно се обложени со дрво во плитка и длабока резба, со вградена орнаментална содржина и аплицирани геометриски, вегетабилни, зооморфни и други мотиви.
Легенда за навигација низ виртуелната тура:
кликнете и влечете во саканата насока
насока на движење
можност за зголемување, се појавува на средината на сликата
зголемување на прегледот, повлечете нагоре
намалување на прегледот, повлечете надолу