Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Петок, 18 септември 2015 година

Приоритет за Македонија е неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ

На шестата седница на Националниот совет за евроинтергации на Собранието на Република Македонија обраќање имаше г. Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, во придружба на амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Националниот совет, г-ѓа Лидија Димова, а присуствуваа преставници на Комисијата за европски прашања; Комисијата за надворешна политика; Мешовитиот парламентарен комитет; вицепремиерот за евроинтеграции на Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими; амбасадори на земјите-членки на Унијата; и медиумите. 

Претседателот Димова во своето воведно обраќање го поздрави присуството на комесарот Хан, воедно искажа благодарност за посветеноста и пресудниот ангажман кој го даде тој за надминување на политичката криза, како и за комплетирањето на составот на Националниот совет за евроинтеграции од  4 септември, по враќањето на опозицијата во Парламентот.

Еврокомесарот Хан посочи дека оваа посета е во едно исклучително тешко време за европскиот континент, кој се соочува со бегалската криза и дека ова е предизвик не само за Македонија, туку и за Европската унија, што бара европско решение и обезбедена е европска помош.

Тој ги поздрави досегашните постигнувања кои произлегоа од неодамна потпишаниот договор од Пржино помеѓу лидерите на четирите политички партии, враќањето на опозицијата во Собранието, донесувањето на Законот за специјалниот обвинител и негово именување.

Пленарниот состанок, кој ќе се одржи попладнево, ќе значи продолжување на претпристапен дијалог на високо ниво, што се покажа како важен катализатор на реформите во петте клучни области, како и апел за отворање на двете важни поглавја - 23 и 24.

Присутните беа едногласни дека приоритет во наредниот период е спроведувањето на останатите изборни рефоми, како и позитивна препорака на Македонија во рамките на претстојниот годишен извештај за напредокот на земјата за 2015 година и неодложно отпочнување на преговорите со Унијата.


 записник                 стенографски белешки

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.