Совети

Среда, 12 ноември 2014 година

ТРЕТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции на 12 ноември 2014 година ја одржа Tретата седница на која беа разгледани Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2014, за периодот од 01.07.2014 - 30.09.2014 година и Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за реализација за периодот ноември 2014 – ноември 2015 година.

На седницата во својство на претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија присуствуваа г-дин Роберт Лидл, Раководител на Оддел за прашања од областа на политика, правда и внатрешни работи и г-ѓа Марина Курте, политички советник, како и г-дин Џовани Виетри, аташе во Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.

Извештајот за реализираните активности од НПАА-ревизија 2014 за третиот квартал од годината, пред членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции го презентираше д-р Фатмир Бесими, Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања. Советот беше информиран за превземените активности по добивањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година. Дефинирани се приоритетните области и истите се вклучени во подготовката на ревизијата на НПАА за 2015 година: политичкиот дијалог, судството, слободата на изразување и медиуми, меѓуетничките односи, добрососедските односи, регионалната соработка. До 11 ноември 2014, донесени се вкупно 20 закони (51%) и 64 подзаконски акти (44,8%), од проектираните во НПАА. Во однос на економскиот развој, забележан е раст на БДП од 3,9% за првите шест месеци од годината, и е најдобар остварен раст во земјите од регионот и на второ место во ЕУ.

Во расправата по Извештајот за реализираните активности од НПАА-ревизија 2014 за третиот квартал од годината, со свои дискусии, сугестии и препораки учествуваа: г. Илија Димовски, Потпретседател на Советот, г.Антонијо Милошоски, г-ѓа Мерал Узеири Ферати, г-ѓа Нора Алити, г-дин Мирван Џемаили, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Солза Грчева, пратеници и членови на Советот, г-дин Орхан Ибраими, пратеник и заменик член на Советот, проф.д-р Димитар Мирчев, член на Советот од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, академик д-р Владо Камбовски член на Советот од Македонската Академија на науките и уметностите и г.Антони Пешев претставник на Стопанска комора на Македонија.

На седницата, Советот усвои План на активности на Националниот совет за евроинтеграции за реализација за периодот ноември 2014 – ноември 2015 година.


  записник              стенографски белешки         

Click