Совети

Четврток, 12 март 2015 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска одржаа заедничка седница, на која се расправаше за Националната програма за усвојување на правото на Европската унија- ревизија 2015 година, по што беше усвоено и мислење по истата.

Воведно обраќање по НПАА-та за 2015 година даде вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими, кој информираше за планираните активности на Владата на Република Македонија во однос на динамиката на усогласувањето на националното законодавство со европското, како и за постигнатото прилагодување на националните институции кон европските административни структури.  

Бесими информираше дека врз основа на Годишниот извештај за напредокот на Република Македонија за 2014 година, Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за селектирани приоритети, во чија подготовка учествувале државните институции, но и пошироко, при што го спомена придонесот и од бизнис заедницата, невладиниот сектор, академската заедница и друго.

Во расправата учествуваа заменик- претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити, потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г. Илија Димовски и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Шпреса Хадри, г. Владимир Ѓорчев, г-ѓа Солза Грчева, како и г. Димитар Мирчев од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во дискусиите стана збор за потребата од успешна реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија- ревизија 2015 година, како и за предизвиците пред кои е исправена државата во поглед на реализацијата на оваа програма.

Во таа насока, беше истакнато дека е неопходна заедничка парламентарна соработка на сите избрани претставници на граѓаните, за реализирање на предвидените задачи и обврски во НППА-та.

Исто така, во повеќето дискусии беше укажано на потребата државата да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, после шестте добиени последователни препораки за отварање на поглавјата, од страна на Европската комисија, бидејќи ваквата статус-кво ситуација дополнително влијае и врз политичката состојба во земјата.

   
 Мислење            Анекс 1              Анекс 2              записник            стенографски белешки  

Click