
Ане Лашкоска
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 24.2.1978 во Прилеп. Македонка. Дипломирала на Природно-математички факултет – инженер по хемија. Магистер по маркетинг менаџмент.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член
- Комисија за култура, заменик-претседател
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член