
Антонијо Милошоски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 29.1.1976 во Тетово. Македонец. Магистер по политички науки, Универзитет Бон, Германија.
Активности во Собранието:
- Комитетот за односи меѓу заедниците, член
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за надворешна политика, претседател
- Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член