Социјал-демократски сојуз на Македонија


2002 - 2006



 

АНА АНДОВА

 

 

 


 

Член на СДСМ Родена 1956 година во Кавадарци, РМ. Македонка. Има високо образование. Работел во "ФЕНИ индустриес", Кавадарци. Добро зборува англиски јазик. Живее во Кавадарци.



 

АНГЕЛ ДИМИТРОВ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Роден 1960 г. во Св. Николе, РМ. Македонец. Има завршено Економски факултет. Работел како финансиски директор во АД “Мода” Св. Николе и како извршен директор во истото претпријатие. Добро зборува руски, се служи со германскиот, а учи англиски јазик. Живее во Св. Николе.



АЦО СПАСЕВСКИ      
 
Член на СДСМ. Роден 1961 година во Скопје.
1988 година дипломирал на прометно-комерцијалната насока на Економскиот факултет во Скопје. 
Од 1989 до 1998 работи како комерцијалист , а потоа и како раководител во А.Д. ,,Металпромет,, -Кавадарци, претставништво Скопје. 
Од 1998 е сопственик на фирма која се занимава со компјутерски услуги.
Од 2000 до 2005 е раководител на финансии во А.Д. „ЕУРО ЛЕНД“ -Скопје. Солидно го познава англискиот јазик.



 

БЛАГОЈА ГЕШОСКИ

 

 
  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Роден 1972 г. во Прилеп, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во приватна фирма. Учи англиски јазик. Живее во Прилеп.

  

БЛАГОРОДНА МИНГОВА КРЕПИЕВА 

 

 






   

Член на СДСМ. Родена 1950 г. во Скопје, РМ. Македонка. Инженер-технолог. Од 1974-1978 г., работела како секретар на претседателството на ГКССММ-Скопје, од 1992-2000 во претставништво на Шемоимпекс С.П.Ц. Милано, Италија, а од 2000 г. во А.Д. И- трејд доо, Скопје. Добро зборува англиски, а се служи со грчки јазик. Живее во Скопје.



 
                                                       БОРИС КОНДАРКО
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ. Роден 1973 година во Скопје. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел како адвокат. Живее во Скопје.
     

Борко Ангелковски

 

БОРЧЕ ПЕТКОВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Роден 1966 година во Битола, Р.Македонија. Македонец. Има високо образование и бил вработен во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство како државен ветеринарен инспектор, а на функцијата пратеник доаѓа од работното место в.д. директор на ЈП "Стрежево" од Битола.
Го учи англискиот јазик. Од 1994 до 1997 година бил секретар на СДММ-ЛК Битола, а од 1997 до 31 октомври 2003 година секретар на Општинската организација на СДСМ - Битола. Живее во Битола.



 

ВАНЧО ЃОРГИЕВ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ Роден 1953 година во Кочани, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во АД Деликатес, Кочани. Се служи со француски и англиски јазик. Живее во Кочани.



 

ВЛАДО ИЛИЕВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ Роден 1957 година во Кичево, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во ЕСМ, подружница РЕК "Осломеј" како дипломиран електро-инженер во електрично одржување.
Од 1994-1999 година, ја обавува функцијата технички директор на ТЕ. Добро зборува руски, се служи со анлгиски јазик. Живее во Кичево.



 

ВЛАДО ПАУНКОВ

 

 

 


 

Член на СДСМ. Роден 1953 г. во Богданци, РМ. Македонец. Има завршено градежен факултет. Работел како директор на комуналното претпријатие во Богданци (20 години). Живее во Богданци.

                                                                                       ДОБРЕ КЕКОВСКИ




 

ДРАГАН ЃОРЃИЕВ

 

 

 


 

Член на СДСМ Роден 1968 година во Ново Село, РМ. Македонец. Дипломиран Електро инженер. Сопственик на приватна фирма МАСТЕР -ДООЕЛ. Се служи со француски, учи англиски јазик. Живее во Ново Село.

  

ЕМИЛИЈА КОСТАДИНОВА 

 

 







   
Член на СДСМ. Родена 1951 во Струмица, РМ. Македонка. Има високо образование. Работела од 1978 г. до 1979 г. како референт по план, анализаи внатрешна контрола во ТП Илинден, Виница. Од 1980-1992 г. како раководител на финасиско-сметководскиот сектор во истото претпријатие, од 1993-1999 г раководител на финансиско-сметководскиот сектор во Плачковица Виница, од 1999 г. како рефернет по план и анализа во ЈП Македонски Шуми, од 1994 -1998 како стечаен управник во ПОС Бел камен, Виница. Добро зборува Англиски. Живее во Виница.




                                                                      ЕСАД РАХИЌ 
  
 


     

 

 


 
   
   Член на СДСМ. Роден 1964 година во Скопје, РМ. Бошњак. Има високо образование. Директор на маркетинг во "Орка спорт", заменик генреален директор на ЈП "Улици и Патишта", и заменик генреален директор на ЈП "Водовод и Канализација", Скопје. Зборува добро англиски. Живее во Скопје.

  

ЗОРАН ТОМИЌ

 

 







   
Член на СДСМ Роден 1962 година во Тетово, РМ. Србин. Има високо образование. Работел како адвокат. Учи англиски јазик. Живее во Тетово.



 
                                                        ИГОР ИВАНОВСКИ
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ Роден 1977 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во Економски факултет, како помлад асистент Скопје. Добро зборува англиски, учи германски јазик. Живее во Скопје.

  

ЈАНАЌЕ ВИТАНОВСКИ 

 

 






   

Член на СДСМ Роден 1955 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. 1984-1986, секретар во А.Д. фабрика за градежни материјали; 1986-1990, секретар на Извршен совет - Неготино; 1991-2002, секретар на " Здружение на возачИ", Неготино. Живее во Неготино.



 
                                                                 ЈАНИ МАКРАДУЛИ
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ Роден 1965 година во Битола, РМ. Македонец. Магистер по технички науки. Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието на РМ. Координатор на ПГ на СДСМ и член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка со Европскиот парламент. Добро зборува англиски јазик, се служи со грчки и италијански. Живее во Скопје.



 

КАМЕ ПЕТРОВ

 

 

 


 

Член на СДСМ Роден 1950 година во Велес, Р.М. Македонец. Има високо образование. Работел како директор на Хидросистемот "Лисиче", Велес и како адвокат. Се служи со францускиот јазик. Живее во Велес.



 

КАРОЛИНА РИСТОВА

 

 

 



РОДЕНА: 30.09.1970, Радовиш, Република Македонија;

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • 1994 - Дипломиран правник (правосудна насока), Правен факултет-Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј;
  • 1996 (Јули-Август) - Хашка Академија за меѓународно право (меѓународно јавно право), Хаг, Холандија (уверение за посетување);
  • 1998 - (Јули -Август) - Универзитетска програма за транснационално право на Правен факулет на Универзитетот Дјук (САД) и Правен факултет на Универзитетот во Женева (Швајцарија): (уверение за положени испити: Меѓународно кривично право, Компаративно уставно право, Вовед во американското право);
  • 2000 -Магистар по меѓународно и компаративно право (со почесна деноминација"со истакнување"), Правен факултет, Универзитет Џорџтаун, Вашингтон, САД; (Магистерска теза: "Правните аспекти на проширувањето на ЕУ и Балканските држави");
  • Во тек: Магистерски студии од областа на правно-политичките и политичките науки со одобрен магистарски труд на тема: "Феминистичките теории за политиката" на Правниот факултет "Јустинијан Први", Универзитет Св. Кирил и Методиј;

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:

(1995-1998) - Демонстратор (1998-2002 / тековно во мирување) и помл. асистент на Правниот факултет "Јустинијан Први" на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"; Преку 15 објавени стручни и научни трудови во домашни и странски научни публикации (вклучително и од издавачката куќа Oxford University Press) во областа на научен и истражувачки интерес: меѓународно и компаративно право, право на ЕУ, правна и политичка теорија/филозофија, женски студии; Учество на над 10-ина научни и стручни семинари во земјата и странство.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА:
    Партиска кариера:

  • 992-1995: Член на Извршниот одбор на СДММ (сектор за женски прашања; меѓународна соработка);
  • 1993-1995: Член на ЦО и Претседателство на СДСМ;
  • 1998-2002: Член на ЦО на СДСМ; Член на Комисијата за меѓународна соработка на ЦО СДСМ;
  • 2002- тековно: Член на ЦО СДСМ и член на Претседателството на ЦО СДСМ (по функција);
  • 2003-тековно: В.Д. Меѓународен Секретар на СДСМ;

АНГАЖМАНИ И ФУНКЦИИ ВО ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ДРЖАВНА ВЛАСТ:

  • 1996- Кандидат на листата за советници за Советот на Општината К. Вода, локални избори (неизбрана);
  • 1996-2000: Надворешен член на Комисијата за статутарно-правни прашања на Советот на К.Вода (преставник на СДСМ);
  • 2000-2002: Член на Советот на Град Скопје (Претседател на Комисијата за :меѓународна соработка, член на Комисијата за правни прашања);
  • 2002-2006: Пратеник во Собранието на Р.М (пратеничка група на СДСМ; известител на пратеничката група за надворешна политика и евроинтегрции);
  • Собраниски комисии: претседател на Комисијата за европски прашања (2003-тековно); Комисија за надворешна политика (2002-тековно); Заменик-претседател на Комисијата за уставни прашања(2002-тековно); Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните (2002-2003);
  • Собраниски делегации: Член во Делегација во Интерпарламентарната Унија (2002-тековно); Потпретседател на Делегацијата за соработка со Европскиот парламент (2002-2003);

ЈАЗИЦИ: Македонски, Српски/Хрватски, Англиски, Германски (пасивно);
      




                                                                КИРЕ ГЕШТАКОВСКИ
 
 


    
 
  

 


   Член на СДСМ Роден 1954 година во с. Јанковци, Ресен, РМ. Македонец. Има високо образование. Доктор-специјалист по педијатрија, вработен во Здравствениот дом Ресен, детско одделение. Претходно, од 1991-1994 заменик на директор, а од 2001-2002, директор на Здравствениот дом во Ресен. Се служи со француски, учи англиски. Живее во с. Јанковци, Ресен.



 

КИРО ДОЈЧИНОВСКИ

 



     
 
   
     
      
   
Член на СДСМ. Роден 1937 година. Македонец . Доктор на науки. Работел во повеќе културно-научни институции. Бил директор на Државниот Архив на Македонија. Добро знае руски, се служи со францускиот јазик. Живее во Скопје.Велес.



 

КОСТА ПРЕШОСКИ

 



     
 
   
     
      
   
Член на СДСМ Родена 1950 година во Крушево, РМ. Влав. Има високо образование. Професор по математика во ДСУ "Наум Наумовски Борче", Крушево. Од 1996-1999, директор на истото училиште. Се служи со француски, учи анмглиски јазик. Живее во Крушево.



 

ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ


ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Датум и место на раѓање:13 февруари 1953, Штип, Република Македонија

Брачен статус: Оженет, татко на три деца

Образование:

1975: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, дипломиран електротехнички инженер;
1976: Математички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, Катедра за применета математика;
1978: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, магистерски труд;
1985: Катедра за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД, докторска дисертација;

Академски звања:

1998 - 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети. Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1995 - 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Штип, Република Македонија;
1992-1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети  Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1987- 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1978 – 1987: асистент при ИЗИИС - Скопје;
1982 – 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија;

Професионални ангажмани:

1992 - 2001: раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј";
1978 – 1991: истражувач, Оддел за регионални сеизмички студии, ИЗИИС – Скопје;

Специјализации:

1979: Дамес анд Мооре, Лондон, Обединето кралство;
1982: Шестмесечна стипендија на УНЕСКО на Одделот за земјотресно инженерство при Катедрата за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1996: Едномесечна обука при Кинеметрицс Инц., Пасадена, Калифорнија, САД;
Експертски и консултантски мисии:

1988: Двомесечен престој во Мексико Сити, по земјотресот во 1985 во Мичоакан (Мексико);
1987-1989: Член на националната работна група Таск Гроуп 1 (ТГ1); земјотресен каталог, изосеизмички мапи и банки на податоци за силни земјотреси;
1991: Тримесечен престој како визитинг професор на Катедрата за градежништво при Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1991: Едномесечен ангажман како консултант на УНЦХС-Хабитат ИРА/90/004,
1990 Манјил (Иран);
Политички ангажмани:

1991-1995: Член на Претседателството на СДСМ;
1995-1999: Член на Централниот одбор на СДСМ;
1999- 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ;
2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;
2003: Претседател на Собранието на Република Македонија;

07.03.2004 - 12.05.2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.
 



 

МИТЕ НИКОЛОВ

 

 

 


 

Член на СДСМ. Роден 1949 година.



      
 

НАТАША БИКОВСКА

 

 

 

  


Член на СДСМ Родена 1962 во Берово, РМ. Македонка Има високо образование. Работела две години како Републички санитарен и здравствен инспектор, а десет години како доктор на медицина Брза помош во Здравтвен дом Берово.Добро се служи со Рускиот јазик. Живее во Берово. Роден 1949 година.



 

НИКОЛА АПОСТОЛОВСКИ

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1958 г. во Делчево, РМ. Македонец. Дипломиран инженер по хемија. Работел во Министерството за одбрана-Подрачна единица во Берово. Се служи со францускиот јазик.Живее во Делчево.



 

НИКОЛА Б. КАМЧЕВ

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1940 година во Гевгелија, РМ. Македонец. Магистер по медицински науки. Работел во ЈЗО Здравствен дом, Радовиш како лекар. Потоа, 4 години како специјалист, а од 1978 гинеколог-акушер. Се служи со руски и француски јазик. Живее во Радовиш.




                                                               НИКОЛА ЌУРКЧИЕВ
 
 


    
 
  

 


   Член на СДСМ Роден 1954 година во Гевгелија, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во СДСМ. Добро зборува грчки, се служи со англиски јазик. Живее во Гевгелија.



                                                                    

                                                              РИСТЕ БИСЛИМОВСКИ






   





Член на СДСМ и претседател на ОО на СДСМ. Роден 1949 година во с. Ростуше, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет. Бил вработен во Министерството за здравство и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Живее во Скопје.



 

САШО ДОХЧЕВ

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1961 г. во Скопје, РМ. Македонец. Има завршено медицински факулет-специјалист хирург-уролог. Од 1988 г. работел во Клиниката за урологија при Клиничкиот центар во Скопје, прво како волонтер, а од 1990 г. како редовно вработен. Од 1993 г. е избран за помошник асистент на катедрата по хирургија, а од 1996 е специјалист уролог и редовен асистент. Бил шеф на одделот “Операциони Сали”. Повеќе пати бил на стручни престои, конгреси, симпозиуми во и надвор од државата. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.



 

СЛАВИЦА ГРКОВСКА

 

 

 

 

Член на СДСМ. Родена 1970 година во Скопје, РМ. Македонка. Има високо образование. Помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно-математички факултет. Добро зборува англиски, се служи со руски и бугарски јазик. Живее во Скопје.



 

ТАСИМ СУЛЕЈМАНОСКИ

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1959 г. во Ростуше, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во Факултетот за физичка култура, Скопје. Работел и во гимнзаијата "Панче Поповски" Ростуше и во ЦОУ ѓорѓи Пулевски Ростуше од 1985 г. Живее во Ростуше.



 

ТОМЕ ТРОМБЕВ

 


  
 


     
 

Член на СДСМ Роден 1961 година во Битола, РМ. Македонец. Има високо образование. 1985-1992 раководител на објекти ГП "Гранит" ОО Битола; 1992-1994 помошник на директорот, а од 1994-1997, директор на истото претпријатие; 1997-1998 министер на Министерство за урбанизам, градежништво о заштита на животна средина; 1998-1999 виш советник на претседателот на УО ГП "Гранит" АД; 1999-2001 координатор на проекти во Албанија, на ГП "Гранит" АД; 2001 заменик министер на МТВ. Добро зборува англиски јазик. Живее во Битола.

  

ЦВЕТАНКА ГАШОСКА 

 

 






   
Член на СДСМ Роден 1950 година во Охрид, РМ. Македонка. Има високо образование, доктор по медицина. 20 години работела во општа служба во Медицинскиот центар - Охрид и 7 години во приватна - сопствена ординација. Се служи со англиски јазик. Живее во Охрид.



ЦВЕТАНКА ИВАНОВА

 

 

 

 

 

 

 

Член на СДСМ. Родена на 4 јуни 1958 година во с. Загорани, Прилеп. Македонка. Дипломиран правник. 
      
Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
     





 

ЦВЕТЛЕ ЈАНЕСКА

 

 

 

 

Член на СДСМ Родена 1947 година во с. Октиси, Струга, РМ. Македонка. Има високо образование. Работела во Дистрибуција, Струга, како раководител на план, развој, инвестиции и техничка документација. Се служи со француски јазик. Живее во Струга.

Click