
КАТЕРИНА КУЗМАНОВСКА
Член на СДСМ. Родена на 15.6.1968 во Струмица. Македонка. Специјалист педијатар, Медицински факултет „Кирил и Методиј“.
Активности во Собранието:
- Комисија за здравство, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член
Е-пошта: k.kuzmanovska@sobranie.mk