
ВАСКО КОВАЧЕВСКИ
Член на СДСМ. Роден на 6.7.1969 во Битола. Македонец. Магистер по човечки ресурси, ФУТМС - Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за економски прашања, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
Е-пошта: v.kovacevski@sobranie.mk