
БЕТИ РАБАЏИЕВСКА-НАУМОВСКА
Член на СДСМ. Родена на 24.9.1973 во Ресен. Македонка. Доктор на медицина, специјализант по оториноларингологија, Медицински факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Активности во Собранието:
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за здравство, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
Е-пошта: B.RabadzievskaNaumovska@sobranie.mk