
ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ
Член на СДСМ. Роден на 3.12.1973 во Кавадарци. Македонец. Магистранд на агроекономски науки, Земјоделски факултет, УКИМ - Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за економски прашања, претседател
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
Е-пошта: d.velkovski@sobranie.mk