МАРИЈА ГЕОРГИЕВСКА
Член на СДСМ. Родена на 25.8.1965 во Прилеп. Македонка. Mагистранд по економија на бизнис, Институт за бизнис економија; Дипломиран економист, Факултет за бизнис економија.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Буџетски совет на Собранието, член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Комисија за економски прашања, заменик-член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
Е-пошта: m.georgievska@sobranie.mk