
МАРТИН КОСТОВСКИ
Член на СДСМ. Роден на 31.5.1983 во Куманово. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет, Универзитет „Кирил и Методиј“ - Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член
Е-пошта: m.kostovski@sobranie.mk