ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГО
Роден 1936 година во с. Трновац, Кратово, РМ. Македонец. Завршил Рударско-геолошки факултет. Генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат "СИЛЕКС" Кратово, 40 години. Член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ). Поседува волонтерско и професионално политичко искуство во континуиран период од 46 години од кои 30-годишно искуство како пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на РМ. Координатор на пратеничката група на СПМ во Собранието на РМ. Добро ги знае рускиот, а се служи со германскиот јазик. Живее во Кратово.