Средби Собрание

Понеделник, 4 декември 2017 година

Претседателот на Собранието Џафери во работна посета на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од денеска е во работна посета во Соединетите Американски Држави, каде на покана од конгресменот Роберт Питинџер, ќе учествува на Десеттиот парламентарен безбедносен разузнавачки Форум, што ќе се одржи на 7.12.2017, во Вашингтон. 

Покрај учеството на Форумот, предвидени се и средби со повеќе конгресмени и претставници од Стејт Департментот.

Click