Средби Собрание

13-14 мај 2019 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Австрија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес и утре е во официјална посета на Република Австрија, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфанг Соботка.

Претседателот Џафери е придружуван од пратеници, членови на Групата за соработка со Република Австрија, г. Реџаил Исмаили - претседател на Групата за соработка и г-ѓа Мери Лазарова, член на Групата за соработка, како и г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија. 

Според агендата се предвидува делегацијата да оствари средба со домаќинот, претседателот на Националниот совет на Република Австрија Волфанг Соботка, со потпретседателот на Сојузниот совет Магнус Брунер, со членовите на билатералната парламентарна група Австрија - Република Северна Македонија и претседателката Штефани Криспер и членовите на Комисијата за надворешно-политички работи со претседателот Андреас Шидер.  

Click