Совети



Понеделник, 8 јули 2013 година

Холандија како пријателска земја со континуирана поддршка за Македонија

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија денеска остварија средба со Делегација од Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент.

На средбата присуствуваа: г. Неџати Јакупи, заменик- претседател на  Комисијата за европски прашања, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции, г. Антонио Милошоски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Сафет Бишевац , г. Павле Трајанов, г-ѓа Сузана Салиу, г. Кенан Хасипи и г. Михајло Џолонга.

Заменик- претседателот Јакупи во своето воведно излагање, посакувајќи им добредојде на гостите, се заблагодари за континуираната поддршката која Холандија како пријателска земја ѝ ја дава на Република Македонија во рамките на евроинтегративниот пат, како и заложбата за унапредување на парламентарната соработка помеѓу двете комисии.

Воедно, во рамките на економската соработка, г. Јакупи го истакна минатогодишното формирање на Македонско-холандската стопанска комора,  каде како основачи се јавуваат околу педесет македонски фирми .

Членот на Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент, г. Александер Печтолд, изрази заинтересираност во однос на прашањата за напредокот на владеење на правото кај малцинствата, човековите права, настаните од 24 декември и неодамнешниот напад на ЛГБТ-центарот, како и состојбата во медиумите, по кои присутните разменија мислења.

На средбата земаа учество и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Кенан Хасипи, г. Сафет Бишевац, г. Антонио Милошоски и г-ѓа Сузана Салиу.

Исто така, беше истакнато дека Република Македонија продолжува и понатаму да ги одржува добрососедските односи, вложува напори за изнаоѓање на решение за надминување на спорот со името со соседна Грција и е посветена на процесот на ЕУ-интегрирањето како најсилен кохезивен фактор во македонското мултиетничко општество.

Click