“ВКЛУЧЕНИ ГРАЃАНИ ЗА ОДГОВОРНО И ТРАНСПАРЕНТНО СОБРАНИЕ”

Целта на проектот “Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” е подобрување на работата на Собранието преку вклучување на граѓаните во информирана дебата за улогата на Собранието и изборните реформи.

Проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, започна да го имплементира во јули 2016-та година. и истиот ќе се спроведува до март 2018 година.

Во овој сегмент од проектот активностите се состојат од набљудување на работата на Собранието преку подготовка на Индекс на продуктивност на Собранието и отворање на дебата за улогата на Собранието во постапката за донесување на закони и потребата од вклучување на сите засегнати страни во истата.

Во рамките на проектот ќе се подготвуваат периодични извештаи кои ќе ја информираат јавноста, медиумите и граѓанските организации за работата на пратениците, како и за начинот на кој Собранието ја извршува својата улога регулирана со Уставот.

Како дел од проектот подготвена е и интернет страница www.otvorenosobranie.mk на која граѓаните може да ги добијат сите информации поврзани со проектот и работата на Собранието. 

Крајната цел е придонес кон суштинска дебата за законските решенија, преку вклучување на сите засегнати страни во процесот, што би придонело и кон подобрување на Индексот на продуктивност на Собранието во иднина.

Од самото свое оформување, МОСТ и Собранието на Република Македонија соработуваа и заеднички спроведоа голем број на значајни активности и проекти. Покрај проектите што вклучуваа соработка, МОСТ низ годините ја набљудуваше и работата на Собранието. Дел од проектите кои ги спроведуваше МОСТ во оваа област постигнаа институционална и финансиска одржливост.

  • Проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ е поддржан од Британска амбасада Скопје.  
Click