Андоновски Кирил

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Секретар на Правната комисија и на Судот на честа на ВМРО-ДПМНЕ. Член на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Претседател на Законодавно-правната комисија при Собранието на РМ. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Бил делегат во Соборот на здружениот труд на Собранието на СРМ во мандатниот период од 1986 до 1990 година. 
      
Роден 1937 година во с. Долно Меличани, Дебар, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Бил професор во средно училиште, работел како началник на стручната служба на Собранието на општина Чаир, Скопје. Бил член на Извршниот одбор на Собранието на Град Скопје. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
     
  
  
 
 



 

Баткоски Димитар

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода - Скопје. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламенот на Република Бугарија. 
      
Роден 1942 година во с. Вевчани, Струга, РМ. Македонец. Завршил Шумарски факултет, доктор по шумарски науки. Редовен професор на Шумарски факултет во Скопје. Добро го знае францускиот јазик. Живее во Скопје.

 

Рената Керпичоска Бошеска

 

ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

 

 

 


 

Независен пратеник. Родена 1967 година во Скопје. Македонка. Дипломиран актер. Живее во Скопје.




  



 

Гарчевски Слободан

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија. 
      
Роден 1952 година во с. Вардино, Демир Хисар, РМ. Македонец. Завршил Земјоделски факултет. Работи во Агроиндустрискиот комбинат "Лозар" во Битола. Се служи со германскиот јазик. Живее во Битола.
     
  



 

Гаџовски Васил

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
     
Советник во Собранието на општина Карпош, Скопје. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија. 
     
Роден 1956 година во Хунедоара, Република Романија. Македонец. Завршил Природно - математички факултет. Бил вработен во "Агропродукт", "Универзал" и "Техномак". Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
     



 

Гешоски Трајко

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска. 
      
Роден 1944 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет и специјализирал хиругија. Работи како началник на Службата за хируршки болести во Прилеп. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Прилеп.



 

Глигороски Данило

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.Член на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за образование и наука при Собранието на РМ. Член на Комисијата на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. Шеф на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. 
      
Роден 1967 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Природно-математички факултет. Доктор по информатички науки. Доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.
     



 

Ефтимов Васил

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО- ДПМНЕ и член на Советот на ветераните на Партијата. 
      
Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска. 
      
Роден 1926 година во Штип, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил финансов директор на Текстилниот комбинат во Штип, помошник на генералниот директор на "ОХИС", помошник на генералниот директор за економски и финансиски работи на "ОХИС" до пензионирањето. Живее во Скопје.

 



 

Ицков Делче

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Гостивар. Член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1990 до 1995 година. Бил координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Западна Македонија во периодот од 1991 до 1996 година. Советник во Собранието на општина Гостивар. Член на Комисијата за надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. 
      
Роден 1964 година во Гостивар, РМ. Македонец. Завршил Виша економска школа. Бил директор на Јавното претпријатие "Гоствар" Гостивар. Актуелен претседател на Бордот на директори на ХЕК "Југохром". Добро го знае англискиот јазик. Живее во Гостивар.

Жарко Јанковски

 

Јовановска Весна

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Советник во Советот на општина Битола до 1998 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска. 
      
Родена 1967 година во Битола, РМ. Македонка. Завршила Правен факултет, со положен правосуден испит. Била стажант во Основниот суд во Битола, а од 1994 година е адвокат. Се служи со англискиот јазик. Живее во Битола

 



 

Јорданова Марика

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ за соработка со Собранието на ОБСЕ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија. 
      
Родена 1949 година во Струмица, РМ. Македонка. Завршила Медицински факултет, специјалист по гинекологија и акушерство. Работи како специјалист по гинекологија во Здравствената организација "Хипократ" во Велес. Се служи со францускиот и англискиот јазик. Живее во Велес.
     



 

ЖАРКО КАРАЏОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1962 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положен правосуден испит. Работел како правен референт и раководител на општ сектор, од 1995-1998 како адвокат. Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието. Живее во Прилеп.
     



 

Киров Митко

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. 
      
Роден 1955 година во Струмица, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по гинекологија и акушерство. Работи како специјалист по гинекологија во Медицинскиот центар во Струмица. Се служи со францускиот јазик. Живее во Струмица.
     



 

Кралевски Чедомир

 

 

 

 
  
 
  
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово. Актуелен координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ. Претседател на Комисијата за избор и именувања при Собранието на РМ. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Интерпарламентарната унија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска. 

Роден 1956 година во Куманово, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положено правосуден испит. Работел во Подрачната единица на Министерството за финансии во Куманово. Од 1996 година работи како адвокат. Се служи со англискиот јазик. Живее во Куманово.



 

Лазаров Илија

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Роден 1948 година во с. Сулдурци, Радовиш, РМ. Македонец. Завршил Природно-математички факултет. Бил професор по математика во гимназија и во средни стручни училишта. До изборот за пратеник бил помошник на директорот во Државното средно хемиско училиште во Скопје. Се служи со турскиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Скопје.
     



 

Лазов Горанчо

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. 
      
Роден 1964 година во Велес, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Раководител на финансии и комерција во градежно претпријатие , сега, менаџер во приватно претпријатие во Велес. Живее во Велес



 

Манчев Васе

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Руската Федерација. 
      
Роден 1949 година во с. Робово, Струмица, РМ. Македонец. Завршил Филолошки факултет, магистер по филолошки науки. Работел како преведувач во Собранието на поранешна СФРЈ, бил уредник на Радио Скопје и Македонската телевизија, директор на Универзитетската библиотека "Климент Охридски" и виш стручен соработник во Педагошкиот завод на Република Македонија. Добро ги знае англискиот и францускиот јазик. Живее во Скопје.



 

Марковска Диспина

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Берово. Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. 
      
Родена 1947 година во Берово, РМ. Македонка. Завршила Медицински факултет, специјалист по епидемиологија, доктор по медицински науки. Работи како специјалист во Здравствениот дом во Берово. Се служи со францускиот јазик. Живее во Берово.



 

Марковска Ѓулистана

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Југославија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Собранието на Советот на Европа. 
      
Родена 1961 година во Куманово, РМ. Ромка. Завршила Медицински факултет, специјалист по очни болести. Работела како општ лекар во Медицинскиот центар во Куманово и како лекар специјалист во Воената болница во Скопје. Добро ги знае англискиот и францускиот јазик. Била пратеник во Собранието на РМ во мандатниот период од 1990 до 1994 година. Живее во Скопје.
     



 

МИХАЈЛО ГЕОРГИЕВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на пратеничката група на независни пратеници. Роден 1940 година во с. Блатец, Р. Македонија. Македонец. Доктор по филозофски науки. Научен советник во Институтот за старословенска култура. Бил пратеник во претходниот парламентарен состав. Се служи со руски и француски јазик. Живее во Скопје.
     



 

Наумовски Рубенс

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Бил одборник во Собранието на општина Охрид од 1990 до 1996 година. Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 1995 до денес. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција. 
      
Роден 1953 година во Охрид, РМ. Македонец. Завршил Факултет за музичка уметност. Бил наставник и директор во Основното музичко училиште во Охрид. Се служи со англискиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Охрид.



 

Невеновски Горан

 

 

  
 


    
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија. 
      
Роден 1962 година во Битола, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Живее во Битола.
     
  
   



 

Пандов Александар

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО- ДПМНЕ и на Извршниот комитет. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Бугарија. 
      
Роден 1971 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Филозофски факултет. Доро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.



 

Панчев Ванчо

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
      
Роден 1968 година во Струмица, РМ. Македонец. Завршил Виша економска школа. Работел како самостоен референт во "Млазшпед" во Гевгелија. Се служи со рускиот јазик. Живее во с. Муртино, Струмица.
     
  



 

Пемов Илија

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
      
Роден 1955 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Електро-технички факултет. Работел како инженер за одржување во "ФЕНИ" - Кавадарци. Бил раководител на Развој во "ЕЛРО" - Кавадарци. Раководител на Електроника во "МЕПОС" - Кавадарци и до изборот за пратеник бил главен инженер за одржување во "ФЕНИМАК" - Кавадарци. Добро го знае англискиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Кавадарци.



 

Петровски Томислав

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. 
      
Роден 1958 година во Битола, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по ортопедија - субспецијалист во делот на трауматологијата. Директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид. Живее во Охрид.
     



 

Прангоски Илија

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. 
      
Роден 1954 година во с. Селци, Струга, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работно искуство стекнува во Кардиолошкиот центар во Охрид, каде што бил и заменик на директорот, има звање примариус. Сега е претседател на Управниот одбор на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларните заболувања. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Охрид.



 

Ристески Љубче

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Политички активен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за с. Другово, Кичево. 
      
Роден 1956 година во Кичево, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по гинекологија и акушерство, доктор по медицински науки. Работи во Здравствениот дом во Македонски Брод. Се служи со францускиот јазик. Живее во Кичево.



 

Сајкоски Аце

 

 

  
 


    
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кичево. 
      
Роден 1946 година во Кичево, РМ. Македонец. Завршил Филозофски факултет. Работел како професор во средно училиште, бил новинар и директор на Радио Кичево. Се служи со францускиот јазик. Живее во Кичево.
     



 

Сибиновски Борче

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ и на Централниот комитет. 
      
Претседател на огранокот на ВМРО- ДПМНЕ за Тетово. Претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. 
      
Роден 1962 година во Тетово, РМ. Македонец. Завршил Шумарски факултет. Бил член на Извршниот одбор на Собранието на општина Тетово. Се служи со францускиот јазик. Живее во Тетово.
     



 

Спанчевски Крале

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. 
      
Секретар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кочани. Претседател на Комисијата за сообраќај и врски при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина. 
      
Роден 1957 година во Кочани, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Работи како раководител на Оперативниот центар во "Телеком". Добро го знае англискиот јазик. Живее во Кочани.
     

 



 

Ставрев Милан

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на Комисијата за стопанство при Собранието на РМ. Шеф на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција. 
      
Роден 1944 година во Велес, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Работел во "ОХИС" -Скопје, бил директор на Индустријата за чевли и гумени производи -Скопје. Има работно искуство во областа на банкарството како девизен инспектор, директор на Дирекцијата за супервизија, советник на гувернерот за банкарство и супервизија во Народна банка на Република Македонија. Добро го знае францускиот јазик. Живее во Скопје.
     
  

 

 

Стојаноски Воислав

 

 

 


Член на ВМРО-ДПМНЕ.

Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија.

Роден 1949 година во с. Букојчани, Кичево, РМ. Македонец. Завршил средно стручно училиште. Естраден уметник. Добро го знае албанскиот, а се служи со англискиот јазик. Живее во Кичево.
     



 

Стојановски Томислав

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 


 


    
 
Господин Томислав Стојановски, Македонец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е роден на 15.05.1933 година во Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град. Потоа студирал и дипломирал на Правниот факултет во Скопје. 
      
Од 1956 година работи во тогашниот Општински суд во Куманово, додека од 1960 - 1962 година беше претседател на Општинскиот суд во Кратово. Од 1962 година наваму работи како адвокат со сопствена адвокатска канцеларија. 
      
Пред распаѓањето на претходната СФРЈ беше делегат во Соборот на републиките и покраините на Сојузното собрание. Во периодот од 1990 - 1994 година беше пратеник во Првиот македонски повеќепартиски парламент, а во Собранието на Република Македонија во тој мандатен период беше претседател на Законодаво-правната комисија, а беше активен член и во други комисии и помошни тела на Собранието. 
     
Член и активист на ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Партија за македонски национално единство) е уште од нејзиното основање. Произлегува од ВМРО-вско семејство.

  



 

Сугаревски Владо

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Битола. Советник во општина Битола. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. 
     
Роден 1956 година во с. Логоварди, Битола, РМ. Македонец. Завршил Машински факултет. Бил раководител на производство во "Микрон" Прилеп, одговорен инженер и директор во Термоелектраните РЕК "Битола". Живее во Битола.
     



 

Талевски Александар

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
Координатор на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ на општина Карпош, Скопје. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина. 
Роден 1965 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Машински факултет. Бил шеф на Службата за инвестиции и одржување во "Технометал-Вардар" Скопје. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
     



 

Тилевски Митко

 

 
  
 


     
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. 
      
Роден 1962 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по педијатрија. Работи во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Охрид.
     



 

Томов Панде

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. 
      
Роден 1957 година во Струмица, РМ. Македонец. Завршил Технолошки факултет. Бил професор по стручни предмети во средно стручно училиште во Струмица, а извесно време работел и како одговорен технолог во Земјоделско-индустрискиот комбинат во Струмица. Сега е професор во Државното средно училиште "Димитар Влахов" во Струмица. Се служи со англискиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Струмица.
     
  
  
 
 

 

  

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1956 година во Скопје, Р. Македонија. Македонец. Завршил Машински факултет. Работел во МЗТ "Хепос"- Скопје и во сопствена компјутерска фирма "ТДК- системи". Бил пратеник во претходниот парламентарен состав. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.



 

Трајков Горанчо

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Секретар на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Виница. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Руската Федерација. 
    
Роден 1969 година во Кочани, РМ. Македонец. Завршил Металуршки факултет. Бил шеф на производство во "Мултипром"-РЕ Виница. Живее во Виница.



 

Трпевски Александар

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
Роден 1951 година во Струмица, РМ. Македонец. Завршил средно стручно училиште. Живее во Скопје.
     
  
   



 

Ќосев Слободан

 


  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. 
     
Роден 1951 година во Струмица, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Работел во Стопанска банка А. Д. Скопје - Струмица. Се служи со англискиот јазик. Живее во Струмица.



 

Флоровски Александар

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ и на Централниот комитет. 
      
Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, Скопје. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција. 
      
Роден 1957 година во Будимпешта, Република Унгарија. Македонец. Завршил средно стручно училиште во Скопје. Бил советник на градоначалникот на општина Чаир, Скопје. Добро ги знае грчкиот, унгарскиот и бугарскиот јазик, а се служи со чешкиот, полскиот и англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатниот период од 1991 до 1994 година. Живее во Скопје.
     

Click