ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство


2002 - 2006

 



     
  

ГАНКА САМОИЛОВСКА ЦВЕТАНОВА

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Родена 1968 година во Скопје, РМ. Македонка. Магистер на науки. Работела како доцент на Факултетот за музичка уметност, директор на Македонската филхармонија и претседател на УО на фестивалот “Охридско лето”. Била министер за култура во Владата на Република Македонија, претседател на Националната комисија на УНЕСКО, претседател на паневропската интервладина организација за аудиовизуелни уметности "Еурека-аудиовизуел". Добро зборува англиски, се служи со француски, учи италијански јазик. Живее во Скопје.

 



     
  

ЃОРГЕ ПАЛОШКОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1948 година. Македонец. Завршил Виша земјоделска школа. Работел како референт во Управата за јавни приходи, бил референт во ПЕ на Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство, шеф на царинска испостава - Струмица и во Царинска Управа во Скопје. Претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ на Струмица. Живее во Ново Село.



 

 

ЕФТИМ МАНЕВ

 

 



 

Роден во с. Сулдурци, Радовиш. Македонец. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на Парламентот во првиот парламентарен мандат. Говори француски јазик. Живее во Радовиш.



                
                                                                ИЛИЈА КИТАНОСКИ
 
 


    
 

 


   
   Член на ВМРО-ДПМНЕ Роден 1959 г. во Кичево, РМ. Македонец. Има високо образование. Бил градоначалник на Општина Кижево од 1990-1996 г., генрален директор на ЈВП “Водостопанство на РМ” од 1998-2000, генерален директор на “ЈП за станбен и деловен простор на РМ”. Се служи со англискиот јазик. Живее во Кичево.



     
  

ИЛИЈА СРБИНОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1952 година во с. Церово, Демир Хисар, Р. Македонија. Македонец. Завршил Земјоделски факултет. Бил началник на ПЕ - Битола при Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство, работел како инжинер агроном во ЗИК "Пелагонија". Член на ЦК на ВМРО- ДПМНЕ. Живее во Битола..



     
  

ЉУБЕ БОШКОСКИ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Роден 1960 во Тетово, РМ. Македонец. Има Високо образование. Работел како судски приправник, референт во Фондот за пензиско и инвалидско, заменик директор на дом на здравство, приватен бизнисмен, заменик директор на ДБК, државен секретар во МВР, министер за внатрешни работи. Се служи со италијански и германски јазик. Живее во Скопје.



     
  

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Роден 1970 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Бил директор за хартии од вредност и ликводност во "Балканска Банка". Бил министер за трговија (1999 година) а во периодот 1999-2002, министер за финансии во Владата на Република Македонија; Член на Комисијата за хартии од вредност ( 1999-2000); претседател на комисијата за хартии од вредност ( 2000-2002). Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.



     
  

ПЕТАР НАУМОВСКИ

 

 







Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1968 година во Прилеп, РМ. Македонец. Има завршено средно обрразование. Професионален спортист.Живее во Скопје.

  

САШКО КЕДЕВ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1962 година во Штип, РМ. Македонец . Доктор на медицински науки. Лекар специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, сертифициран интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје.



                                                                                                   

                                                           СИЛВАНА БОНЕВА 
  

 

 


 

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена 1959 година во Струмица, Р. Македонија. Македонка. Завршила 1 степен на Правен факултет. Била директор на Работничкиот универзитет во Струмица, член на Советот на Општина Струмица. Претседател на ОК на УЖ за Струмица, потпретседател на Републичката конференција на ЈЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Живее во Струмица.

Click