АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 29.1.1976 во Тетово. Македонец. Магистер по европски интеграции, Универзитет „Фридрих Вилхелм“, Бон, Германија.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за надворешна политика, претседател
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потпретседател
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
Е-пошта: A.Milososki@sobranie.mk