
ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 19.3.1979 во Пробиштип. Македонец. Дипломиран социолог, Филозофски факултет УКИМ.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, претседател
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), шеф на Делегација
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
Е-пошта: e.dimitriev@sobranie.mk