АНГЕЛИНКА ПЕТКОВА
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 27.12.1971 во Гевгелија. Македонка. Дипломирала на Филозофскиот факултет, група Социологија, УКИМ - Скопје.
Активности во Собранието:
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
Е-пошта: A.Petkova@sobranie.mk