БЛАГИЦА ЛАСОВСКА
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 8.3.1970 во Штип. Македонка. Магистер по образование и образовен менаџмент; Професор по предучилишно образование, УГД Штип.
Активности во Собранието:
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
Е-пошта: b.lasovska@sobranie.mk