
ИГОР ЈАНУШЕВ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 13.11.1983 во Велес. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, претседател
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), шеф на Делегација
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Конгресот на САД, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
Е-пошта: I.Janusev@sobranie.mk