
ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 23.4.1981 во Скопје. Македонка. Доктор на правни науки, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ.
Активности во Собранието:
- Комисија за надворешна политика, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за култура, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
Е-пошта: I.Vasilevska@sobranie.mk