м-р Мики Милковски
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Датум и место на раѓање: 10.07.1985 година, во Крива Паланка
Адреса на живеење: село Опила, општина Ранковце
Националност: Македонец
Е-пошта: m.milkovski@sobranie.mk
Телефон: 02 3 182 246
ОБРАЗОВАНИЕ И УСОВРШУВАЊЕ
- 2000-2004 година -ССП-Општа гимназија, УСО „Ѓорче Петров” –Крива Паланка
- 2004-2009 година -Дипломиран правник, Катедра по граѓанско право, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје
- 2010-2013 година - Магистер по право, насока-меѓународно право и меѓународни односи. Катедра по меѓународно право и меѓународни односи, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Магистрира како еден од најдобрите студенти на генерацијата со просечен успех 10,00.
- 2005 година - Поседува сертификати за проектно планирање, проектен циклус и административно работење од учество на семинари организирани од МЦМС;
- 2008 година - Поседува диплома за завршена Школа за односи со јавност, НВО-Инфоцентар;
- 2011-2012 година - Поседува сертификат за завршена Школа за јавни политики „Мајка Тереза“ – проект на Советот на Европа, Стразбур;
- 2010-2014 година - Има учествувано на повеќе обуки и семинари организирани од: Интернационалниот Американски Институт (IRI); Националниот демократски институт (NDI); Институтот за парламентарна демократија (IPD), Westminster институт (WFD).
- 2015-2017 година - Стручно усовршување на обуки и сменинари од повеќе области од Законот за вработените во јавниот сектор и Закон за административни службеници, АЦТ ДОО Скопје.
ПРОФЕСИОНАЛНО И РАБОТНО ИСКУСТВО
- 1999 година - Член и активист на еколошко друштво „ФЛОРА“ од Крива Паланка;
- 2005-2010 година - Член на НВО „ОЗОН-Ранковце”-Ранковце;
- 2007-2008 година - Член на Управен одбор на МАПАС, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
- 2008-2010 година - Практикант во Собранието на Република Македонија;
- 2010 година - Приправник во адвокатска канцеларија;
- 2009-2017 година - Администратор на веб-страна;
- 2010-2014 година - Надворешен соработник-советник во Собранието на Република Македонија;
- 2013-2017 година - Член на Советот на општина Ранковце;
- 2014-2017 година - Именуван за Заменик на градоначалникот на општина Ранковце;
- 2015 година - Советник за нормативно-правни работи во Сектор за правни и организациони работи во Општина Центар-Скопје;
- 2015-2017 година - Раководител на Одделение за човечки ресурси во Општина Центар-Скопје.
- 2017 година - (во тек) На 25 ноември 2017 година од страна на Собранието на Република Македонија е именуван на функцијата Заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Се служи со англиски јазик. Оженет и татко на два сина.