Служба на Собранието

 

 

 

Весна Стоименовска

 

 

 

 

Родена на 16.3.1982 година во Скопје. Македонка.

Дипломира на Правниот факултет Јустинијан I на отсекот за политички студии, а во 2006 година се запишува на постдипломски студии по меѓународно право и меѓународна политика. Магистрира со  одбрана на тезата „Искуство од превентивната дипломатија - Мисијата на УНПРЕДЕП во Република Македонија“ и се стекнува со називот магистер по меѓународна политика.

На крајот од 2011 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ја пријавува својата докторска дисертација со наслов „Политиката и правото: Македонско-грчките односи од Извештајот на Бадентер до пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, по што станува кандидат за доктор по политички науки.

Во периодот од 2002 до 2004 година работи како волонтер во невладиниот сектор. Од 2007 до 2012 е ангажирана како стручен соработник во Демократски сојуз. Од 2011 година во рамките на ИСЛАА учествува во изработка на проекти од повеќе области, а кои имаат едукативен карактер за младите и идни лидери.

Има учествувано на повеќе семинари, конференции и обуки. Паралелно со истражувањето за потребите на докторската дисертација, се занимава со теми од областа на меѓународната политика, дипломатијата, национализмот, мирното решавање на спорови, одржувањето на меѓународниот мир и безбедност - како проблематика на современото општество и лидерство.

Говори англиски, а се служи со француски и шпански јазик.

Престанок на функција на 108.седница одржана на 6.7.2016 година

Click