17 декември 1997 година
Осумдесет и прва седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на закон за државна ревизија;
2. Предлог на закон за ревизија;
3. Предлог за донесување на закон за зголемување на вработувањето, со Предлог на закон;
4. Предлог на програма за користење на средствата што ги остварува Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал за 1998 година;
5. Предлог на Буџет на Република Макгдонија за 1998 година;
6. Предлог за донесување на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 1998 година, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за ограничување на ИЗворните приходи за финансирање на јавните потреби за 1998 година, со Предлог на закон;
8. Предлог на одлука за целите и задачите на монетарната политика во 1998 година;
9. Предлог на одлука за девизната политика и проекција на платниот биланс на Република Македонија за 1998 година;
10. Предлог на закон за водите;
11. Предлог на закон за пасиштата;
12. Предлог за донесување на закон за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, со Предлог на закон;
13. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, со Предлог на закон;
14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и Египетската влада за научна и технолошка соработка, со Предлог на закон;
15. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за данокот на промет на производи и услуги, со Предлог на закон;
16. Предлог за донесување на закон за јавни набавки;
17. Предлог за донесување на закон за враќање на имотите на Македонската православна црква;
18. Барање за давање автентично толкување на членот 19 став 1 точка 4 од Законот за данокот на промет на производи и услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 34/92, 62/92, 64/92, 3/93, 4/93, 80/93, 42/95, 4/96, 71/96, 10/97 и 28/97), поднесено од Македонската ветеринарна комора;
19. Предлог на одлука за подготвување и одржување на предвремени избори за Собранието на Република Македонија;
20. Предлог за разрешување на судија на Врховниот суд на Република Македонија;
21. Предлог за избор на судија на Апелациониот суд во Скопје;
22. Предлог за разрешување на судија поротник во Основниот суд во Кичево;
23. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Медицинскиот центар во Гевгелија;
24. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Струмица.
стенографски белешки 81 седница 17.12.1997
стенографски белешки 81 седница 1 продолжение 18.12.1997
стенографски белешки 81 седница 2 продолжение 23.12.1997
стенографски белешки 81 седница 3 продолжение 24.12.1997
стенографски белешки 81 седница 4 продолжение 25.12.1997
стенографски белешки 81 седница 5 продолжение 15.1.1998
стенографски белешки 81 седница 6 продолжение 16.1.1998