Пленарни седници



25 март 1998 година

Осумдесет и седма седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за телекомуникации;

2. Предлог за донесување на закон за ратификација на финалниот документ на Европската конференција за енергетската повелба со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за взаемна административна помош меѓу Македонската влада и Француската влада за спречување, истрага, утврдување и санкционирање на царинските прекршоци, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Владата на Република Франција за поттикнување и заемна заштита на инвестиции, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Владата на Италијанската Република за консолидирање на одредени долгови, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и  Владата на Република Полска за меѓународен патен превоз, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на заштитата на животната средина и природата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Албанската влада за екстрадиција, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Албанската влада за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните предмети, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Албанската влада за правна помош во граѓанските и кривичните предмети, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Албанската влада за одбегнување на двојното оданочување по однос на данок од доход и данокот на капиталот и за заштита од фискална евазија, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување ка закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Албанската влада за соработка во областа на заштитата на растенијата, со Предлог на закон;

13. Барање за давање на автентично толкување на членот 111 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, поднесено од Балканска банка Акционерско друштво Скопје;

14. Предлог за избор на судии во основните судови Берово, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Скопје II - Скопје, Тетово и Штип;

15. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Основниот суд во Прилеп;

16. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Основниот суд во Прилеп;

17. Извештај на Анкетната комисија на Собранието на Република Македонија за согледување на евентуалните пречекорувања на овластувањата при интервенцијата на полицијата во Гостивар на 9 јули 1997 година.


стенографски белешки  87 седница 25.3.1998

стенографски белешки  87 седница 2 продолжение 31.3.1998

Click