Активности



Вторник, 15 декември 2009 година

Десетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции, на денешната Десетта седница, расправаше за европските интеграции на Република Македонија по заклучоците на Советот на Европска унија од 8 декември 2009 година

На седницата свои дискусии имаа Н.Е. г.Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Ларс Петер Фреден, амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г. Васко Наумовски, заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за евроинтеграции, г. Тито Петковски, член на советот, г. Димитар Мирчев, претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, г. Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на  Националниот совет за евроинтеграции, г. Кенан Хасипи,  г. Александар Николовски, г. Александар Спасеновски, членови на Советот и  г. Скендер Бузаку, секретар на муфтиство на Исламската верска заедница и претставник на Советот.

На седницата Советот ги усвои заклучоците од јавната расправа по Предлог-законот за бесплатна правна помош, одржана на 14 јули 2009 година, заклучоците од јавната расправа по работната верзија на Законот за кривична постапка и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, одржана на 22 јули 2009 година,  заклучоците од јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси, одржана на 31 јули 2009  година,  заклучоците од јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници, одржана на 27 август 2009 година, заклучоците од јавната расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, одржана на 4 септември 2009 година, заклучоците од јавната расправа по „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија“, одржана на 26 ноември 2009 година.
 

 

Click