Активности


Понеделник, 28 декември 2009 година

Деветта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Деветтата седница, одржана на 24 декември 2009 година, го разгледа Предлогот на стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија за периодот 2010 - 2013 година и врз основа на расправата едногласно ги усвои следните заклучоци:

  1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија согласно член 27 став (1) од Законот за Собранието на Република Македонија ја разгледа и усвои Стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија во периодот 2010-2013 година;
  2. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го задолжува генералниот секретар на Собранието на Република Македонија да формира работна група составена од државни советници од Службата на Собранието, која ќе го изготви работниот текст на стратешките приоритети за 2010 година, во којшто ќе се развијат стратешките цели со конкретни активности, носители на активности и рокови за реализација на активностите. Притоа, Буџетскиот совет укажува на потребата во Стратегијата за развој на Собранието за периодот 2010-2013 година и при утврдувањето на стратешките цели и приоритети да се обезбеди поголема транспарентност;
  3. Работната група која ќе го изготвува работниот текст на стратешките приоритети да биде во непосредна комуникација со работната група формирана за изготвување на Стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија во периодот 2010 - 2013 година и со Буџетскиот совет на Собранието, поради усогласување на задачите.
 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.