Активности



Петок, 25 декември 2009 година

Единаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции на Единаесеттата седница расправаше по Мислењето за усвојување на правото на Европската унија за 2010 година и по Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции за периодот септември 2008 - декември 2009 година. 

На седницата свои дискусии имаа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на  Советот, г. Андреј Жерновски, г. Тито Петковски, г. Петар Поп Арсов, г. Александар Николовски, г-ѓа Флора Кадриу и г. Кенан Хасипи, пратеници и членови на Советот, г. Сашо Стевков, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Кржаловски, претставник на Советот и на Граѓанската платформа на Македонија, г-ѓа Љубица Нури, претставник на Стопанската комора и г. Петар Камчев претставник од Секретаријатот за европски прашања.

Националниот совет за евроинтеграции го усвои Мислењето за усвојување на правото на Европската унија за 2010 година, чиј составен дел се и Анексот 1 со закони кои според НПАА ревизија 2009 се планирани да се донесат во 2010 година, и Анексот 2 со закони по кои Советот во текот на 2010 година ќе организира јавни расправи. Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции беше усвоен со одредени измени и дополнувања кои произлегоа од дискусиите во расправата.

На оваа седница, Националниот совет ги усвои и заклучоците од Јавната расправа по работната верзија на Предлог-законот за авторското право и сродните права, која се одржа на 22 декември 2009 година.

 

 

Click