Активности



Петок, 25 декември 2009 година

средба на Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Г. Џеват Адеми, со претставници на Мрежата за мултикултурно општество во Македонија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, одржа средба со претставници на Мрежата за мултикултурно општество во Македонија, на која присуствуваа г-ѓа Виолета Крстиќ од Заедницата на Хрватите во Република Македонија, г-ѓа Анастасија Рибарски од словенечкото здружение „Франц Прешерн“, г. Мирољуб Орландиќ од Заедницата на Црногорците во Република Македонија и Рубин Земон од Сојузот на Балканските Египќани.

Претседателот Џеват Адеми ги запозна присутните со работата и надлежностите на Комитетот за односи меѓу заедниците и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија. На средбата беше разговарано за Иницијативата на Заедницата на Хрватите во Република Македонија за изменување и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, како и за потребата од поддршка од страна на Комитетот за остварување на правата на изразување на идентитетот и особеностите на помалите заедници во Република Македонија во сите области.

Присутните се договорија за натамошна почеста соработка, како и за организирање посебна седница на Комитетот за односи меѓу заедниците посветена на помалите заедници во Република Македонија.

 

Click