Активности



Петок, 22 мај 2009 година, Комисија за финансирање и буџет
 
Разгледан Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка

Комисијата за финансирање и буџет на Дваесет и првата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка, по Договорот за заем по Проектот за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка.

Во согласност со четиригодишната Стратегија на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка за партнерство со Република Македонија за периодот 2007-2010, се предлага закон за задолжување на Република Македонија со заем во износ од 18.9 милиони евра за да се овозможи реализација на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Основна цел на овој проект е преку финансирање на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, јавните претпријатија кои се во целосна или во доминантна сопственост на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, по пат на задолжување на општината со он-лендинг аранжман, да се овозможи реализирање на општински проекти, кои преку зголемување на приходите на општината и jавните претпријатија кои се во сопственост на општините или пак преку намалување на оперативните трошоци на истите, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински надлежности и функции уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа.

Со проектот ќе бидат опфатени општини кои се во втората фаза од фискалната децентрализација и кои согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Упатството за начинот и постапката за задолжување на општините и јавните претпријатија во Република Македонија, кое е издадено од Министерството за финансии, во целост ги исполнуваат условите за долгорочно задолжување.

Комисијата со 7 гласа „за“ и 3 „против“ заклучи дека е исполнет условот за подготвување на Дополнет предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на општинските услуги.

Click