Активности


Четврток, 31 декември 2009 година

Новогодишно ОБРАЌАЊЕ на претседателот Вељаноски пред пратениците и службата на Собранието на Република Македонија


Почитувани,

Само неколку часа не делат од Новата 2010 година. Зад нас останува старата 2009, која  не беше лесна за сите, но ние сепак ја завршуваме успешно. Сакам да искажам благодарност не само до потпретседателите, пратениците, координаторите на пратеничките групи, туку посебно до вработените во собраниската администрација со нивниот целосен и одговорен ангажман. А тој успех се гледа преку извештајот на Европската комисија во кој многу јасно се наведени позитивните резултати постигнати во Собранието на Република Македонија.


Со ова сите ние во Собранието на Република Македонија покажавме дека  имаме и стручен и демократски капацитет и затоа сум убеден дека исто така успешно ќе одговориме и на предизвиците кои ни ги носи Новата година. Сигурен  сум  дека и како пратеници и како стручна служба  и во новата 2010 година ќе продолжиме одговорно и квалитетно да работиме и да ги остваруваме нашите стратешки определби, но пред се да работиме во интерес на државата и граѓаните.

Токму со тие желби, а и убедување, дозволете на сите вас да ви ја честитам Новата 2010 година и престојните Божиќни празници посакувајќи на  вас и на вашите семејства пред се здравје, лична среќа и успешна работа.   

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.