Активности

Четврток, 26 ноември 2009 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции, заеднички со Фондацијата „Фридрих Еберт“ организираа јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија".

На јавната расправа свое обраќање имаа д-р Хајнц Бонгартц, официјален претставник на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Република Македонија и г. НеџатЈакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Од страна на г. Ралф Бергман, експерт и политички спикер за прашањата од областа на животната средина, беа пренесени искуствата на Федералната држава Саксони Анхалт во Германија во областа на политиката и законодавството за животната средина.

Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Кенан Хасипи, пратеник и член на Советот, г. Скендер Бузаку, претставник на Исламската верска заедница и претставник на Советот, г.Ј оти Поповски, претставник на Еколошкото биро, г. Душко Христов од Македонска парламентарна зелена лоби група, г. Сашо Стојмановски и г-ѓа Јадранка Аризанковска, претставници од Стопанска комора на Македонија, г-ѓа Ана Лазаревска, претставник на CIRKO-климатски промени и енергетски технологии при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје, г-ѓа Магдалена Трајковска-Трпевска претставник на „Технолаб“ и г-ѓа Евдокија Солева од „Жорал“ - Скопје.

покана заклучоци стенографски белешки

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.