Активности



ВТОРНИК, 27.1.2009 год.11,00 часот, Сала 1

ЧЕТИРИЕСЕТ И ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Предлог на дневен ред:

1.    Предлог на одлука за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија - медицински тим за учество во мировна операција во Авганистан;

2.    Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР, АЛТЕА;

3.    Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, илегална миграција и останати кривични дела;

4.    Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации;

5.    Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачка Република за заемна заштита на класифицирани информации;

6.    Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на правата на пациентите - II читање;

7.    Предлог на закон за изменување на Законот за цивилни инвалиди од војната -  II читање;

8.    Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност - II читање;

9. Предлог на закон за ловството - I читање;

10.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија - I читање;

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - I читање;

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата - I читање.

 

Click