Активности


До Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски 

Ваше Блаженство

Раѓањето Христово - Божиќ е најрадосниот и најсветлиот христијански празник. По тој повод Вам лично и на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство,  на сите православни верници на Македонската Православна Црква дома и во странство, како и на сите христијани, во мое име и во име на Собранието на Република Македонија Ви упатувам најсрдечни честитки со единствена желба овие свети денови да ги поминете во духовен мир, радост и молитва за доброто на сите нас.

Во овие радосни и убави денови на празнување, дозволете Ваше Блаженство да ја истакнам вековната и благородна мисија на Македонската Православна Црква на чие чело како пастир стоите Вие, во зачувување и афирмирање на Христовото учење за слогата, заедништвото и љубовта до ближниот и до сите луѓе, но во истовреме и зачувување и развивање на историските и културните вредности на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија.

 

Длабоко сум уверен дека со верба и почит до Христовото учење, со почитување и примена на вредностите кои ни ги дава верата, во новото лето Господово ќе продолжиме по патот на правдата градејќи поубава и посреќна сегашност, но и иднина за нас и за идните генерации.

Христос се роди!                                                                  

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.